Путин со еден потпис одлучи за судбината на 110.000 луѓе

0
504

Поради најлошата економска состојба во Русија во последните неколку години, рускиот претседател Владимир Путин беше приморан да направи резови.

Тој минатата недела донел декрет со кој бројот на вработени во министерството за внатрешни работи се ограничува на нешто помалку од еден милион луѓе.

Тоа пак значи дека Путин со еден потпис поделил 110.000 откази.

Целокупната руска економија поради санкциите од Западот во првиот квартал од оваа година падна за 2,2 отсто.