Работна акција на битолчани во Бигорски

0
215

Околу шеесетина млади битолчани кои доброволно и самоорганизирано притекнаа да помогнат во обемните работни активности во Манастирот Св. Јован Бигорски во овој период.

Битолските момчиња добиле благослов од Старецот на манастирот, Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, деновиве да престојуваат во Свештената Бигорска Обител.

Главната работна сила беше насочена кон старите манастирски рибници, каде се вршеше расчитување на обраснатиот терен после речиси 60 години нефункционалност на овој манастирски имот.

Овие рибници Манастирот ги изградил во 1936 година, а нивната дејност траела до 1957/8 година, кога тие биле предадени на целосна негрижа и запоставеност.

Неодамна, по иницијатива на нашиот Старец и игумен, како и со помош на благочестивиот доброчинител на Манастирот,  Иван Постоловски од Скопје со неговото семејство, започна обновата на старите рибници со цел нивно комплетно рестартирање.

Богољубивите битолчани помогнаа да се заврши првата фаза од обновата. Освен во рибниците, ревносните и пожртвувани млади души помогнаа и околу работите во манастирскиот овоштарник кај Скитот на Св. Серафим Саровски.

„Покрај работните активности, нашите драги гости имаа можност да присуствуваат и да земат молитвено учество на вчерашното воскресно бдение и на денешната Света Литургија, на која дел од нив се причестија со Светите Христови Тајни“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Манастирот. /крај/

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.