Работнички ја „прескокна„ и Јелгава и се избори за двомеч со Трабзонспор

0
281

Фудбалерите на Работнички се пласираа во третото квалификациски коло во Лига Европа. „Романтичарите„ во реваншот ја совладаа Јелгава со 2:0, со што надоплнија негативата од еден гол која ја имаа по првиот меч. Работнички на „Филип Втори“ прашањето околу патникот во третото коло го реши за 17 минути игра кога беа постигнати двата гола. Првиот гол го постигна капитенот Баже Илијоски, кој со глава го матираше летонскиот голман по нафрлувањето на Цикарски. 11 минути подоцна, Суад Сахити лесно се справи со одбраната на Јеглава и му ја донесе посакуваната предност на Работнички. Противник на Работнички во третото коло ќе му биде турски Трабзон, првиот меч на програмата е на 30 јули во Скопје, а реваншот е на 6 август во Турција.