Работник загина во Прилеп

0
1977

На 17.07.2017 година околу 15,15 часот во Прилеп, во фабриката „Жито“-Прилеп, при истовар на жито од товарно моторно возило, на сезонскиот работник М.И.(45) од Прилеп, му се слошило, паднал од приколката, а врз него паднала и вреќа со жито, по што починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од ПС-Прилеп, соопшти полицијата.

Во меѓувреме со соопштение се огласија од компанијата.

„Во името на “Жито Прилеп” АД изразуваме длабоко жалење за несреќниот случај и упатуваме сочувство до семејството за огромната загуба. Со целосно разбирање за чувствителноста на моментот, а во интерес на потребата на правилно утврдување на фактичката состојба, како општествено одговорна и совесна компанија, чувствуваме за неопходно да ја информираме јавноста за трагичниот настан. Имено, при истовар на пченица во кругот на нашата компанија, денес, едно лице кое не е вработено во “Жито Прилеп” АД, туку е ангажирано од надворешен снабдувач со пченица, при несреќни околности го загуби животот. За конкретниот трагичен настан нашата компанија нема никакви надлежности, особено што се работи за методологија и безбедносни протоколи на надворешен контрактор. За сите сопствени активности “Жито Прилеп” АД согласно сите позитивни законски прописи редовно ги спроведува и ажурира сите највисоки стандарди за безбедност при работа. Надлежните истражни органи извршија увид на лице место и ги преземаа сите неопходни дејствија за целосно расчистување на околностите, за што сме сигурни дека ќе ја информираат јавноста, стои во соопштението.

Без коментари