Работните групи денеска за специјалниот јавен обвинител

0
185

Партиските групи кои работат на спроведувањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија, како што е најавено, денеска повторно на дневен ред ќе го имаат прашањето за специјалниот јавен обвинител, кој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Тој треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието. Питер Ван Хојте кој е олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, по вчерашната петчасовна средба изјави дека бил постигнат сериозен напредок за изборниот законик. „Техничките детали треба да ги разработат техничарите, но за политичкиот договор сме многу блиску до солиден договор за сите проблеми“, појасни Ван Хојте.