Работните групи на партиите и денеска ќе преговараат за излез ор кризата

0
274

Работните групи на партиите потписнички на договорот од Пржино попладне ќе продолжат со преговори.

Вчера се преговараше пет часа, но договор не беше постигнат.  И денеска ќе се преговара за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список, како услов за организирање на фер избори. Се очекува и на денешното продолжение на разговорите да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Американскиот амбасадор, Џес Бејли вчера рече дека средбата била конструктивна и дека не е разочаран затоа што нема договор.

„Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време. Јас сум оптимист“ – кажа  Бејли.

Мал напредок имало вчера околу избирачкиот список. Ако денеска се постигне договор, ќе следува лидерска средба или вечерва или утре на која ќе се договара датумот за избори и составот на техничката влада која ќе функционира сто дена пред изборите.