Работните групи во нов обид за договор за Изборниот законик

0
355

Партиските работни групи денеска треба заеднички да ги продолжат преговорите со европскиот медијатор Питер Ванхауте. Повторно ќе се преговара за изборната регулатива бидејќи досега не е постигнат договор, а рокот е пробиен речиси цела недела.

Работните групи се оптимисти дека може да се постигне конечен договор, со што утре изборниот законик би влегол во собраниска процедура. Доколку партиските работни групи постигнат конечен договор околу изборниот законик, ќе следува расправа за реформа на медиумите, како и за судството, за законите за „бомбите“ и за „свиркачите“. А за неколку дена ќе мора да се изберат министри за внатрешни работи и труд и социјала од редовите на опозицијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY