Радари на НАТО забележале руски авион над Турција

0
305

Турција соопшти дека радари на НАТО регистрирале дека руски воен авион го нарушил турскиот воздушен простор на 29 јануари. Со тоа се отфрлени руските тврдења дека станува збор за пропаганда. Анкара соопшти дека руски авион од типот СУ 34 го нарушил турскиот воздушен простор и покрај предупредувањата.