Радикални исламисти се обидуваат да регрутираат бегалци во Германија

0
205

Челникот на Федералната канцеларија за заштита на уставот, Ханс Георг Масен предупреди дека радикални исламисти, салафисти се обидуваат да регрутираат муслимани сунити меѓу бегалците во Германија, нудејќи им помош.

„Ние го следиме однесувањето на салафистите како филантропи и хуманитарци кои намерно сакаат да остварат контакт со бегалците и потоа ги повикуваат во одредена џамија за да ги регрутираат“, изјави Масен за германскиот весник Rheinische post.

Тој изјави дека се неосновани стравувањата дека Исламската држава би можела да се обиде да испрати свои терористички одреди меѓу бегалците во Германија.

„Федералната канцеларија за заштита на уставот и Федеративната разузнавачка служба следел многу траги и не пронашле никакви знаци дека станува збор за такво нешто. Патиштата по кои се движат бегалците се премногу опасни за терористите, бидејќи на тој начин би ризикувале да загинат или да бидат откриени“, изјавил Масен.

Агенцијата Routers наведува дека експертите за безбедност навеле дека ризикот терористичка група како IS би можеле да прокриумчарат екстремисти во Европа, под заштита на големиот бран бегалци, е многу мал отколку што кажуваат политичарите.

Без коментари

LEAVE A REPLY