Раднички Ниш „гризе„ за младиот македонски голман Стоилков

0
160

Младиот македонски голман кој го брани голот на Копер, Кристијан Стоилков е прва желба меѓу стативите на нишки Раднички. Имено според информациите од српските и словенечките медиуми, првиот контакт е остварен и 19 годишниот Стоилков се јавува како прва опција за замена на искусниот Борјан Милан, кој најверојатно ќе го засили гигантот Црвена Звезда. Стоилков оваа зима беше многу блиску до потпис со катарската екипа Ал Гарафа, но во последен момент трансферот одпадна. Се работи за талентиран голман кој потекнува од школата на Копер и голман кој одлично се развива. Потпис за нишките „црвено-бели„ од „Чаир„ многу ќе значи за неговиот развој, со оглед на тоа што од таа школа произлегле многу големи голмани.