Рахој прогласи тридневна жалост во Шпанија

0
270

За Шпанија овој напад е најкрвавиот од 2004 година, кога напаѓачи инспирирани од Ал Каеда извршија координирани напади врз патнички возови во Мадрид.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека неговата земја е солидарна со тагата во Барселона и во други градови на Европа, кои биле цели на терористички напади.

По вчерашниот напад, Рахој ја посети Барселона. Тој изјави дека во моментот жртвите и нивните роднини и пријатели се главниот приоритет на властите.

Тој изјави дека Каталонија била цел на напад на џихадистичкиот тероризам, како и други градови во светот.

Според него, жителите на Париз, Ница, Брисел, Берлин и Лондон ја почувствувале истата болка и несигурност, како жителите на Барселона вчера.

За Шпанија овој напад е најкрвавиот од 2004 година, кога напаѓачи инспирирани од Ал Каеда извршија координирани напади врз патнички возови во Мадрид, во кои загинаа 192 лица.

Рахој прогласи тридневна жалост во Шпанија.

 

http://plusinfo.mk

Без коментари