Рајски документи

0
383

Истрагата наречена „Рајски документи“, вклучува електронска пошта, бизнис договори и банкарски изводи од 1950 до 2016 година. Вмешани се стотици познати политичари, бизнисмени, спортисти и кралицата Елизабета.

Огромен трезор од 13,4 милиони доверливи документи откриваат како богатите и моќните го криеле своето богатство и избегнувале плаќање данок, обелоденува новинарската истрага спроведена ширум светот. Политичари, славни личности и кралици се меѓу личностите посочени во документите кои ги истражувале стотици новинари.

Истрагата наречена „Рајски документи“, вклучува електронска пошта, бизнис договори и банкарски изводи од 1950 до 2016 година. Биле откриени од германскиот весник Зиддојче Цајтунг, а споделени со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ). Оваа организација соопшти дека документите покажуваат „колку длабоко е заплеткан офшор финансискиот систем со светот на политичките играчи, приватното богатство и корпоративните гиганти, кои ги одбегнуваат даноците преку сѐ поимагинативни книговодствени маневри“.

Голем дел од досиејата потекнуваат од правната фирма „Еплби“, основана во Бермуда, со канцеларии на Карибите, а специјализирана во помагање на клиентите да основаат офшор компанија и сметки.

Имињата на повеќе од 120 политичари во речиси 50 држави се појавуваат во протечените документи кои опфаќаат 1,4 терабајти, како и познати личности од светот на спортот и бизнисот.

www.dw.com