Ракети од Сирија паднале на територија на Турција

0
445

Две лица се ранети денеска кога ракети испукани од Сирија паднале на територија на Труција, во пограничниот град Колис, јави приватната агенција Доган.

Килис претходно неколкупати беше цел на прекуграничните гранатирања.

Во март, две лица меѓу кои и едно дете, загинале во напад за кој е обвинетна Исламската држава.

Во меѓувреме турските борбени авиони извршиле воздушни напади на курдските милитанти на север на Ирак и уништиле пештери и засолништа кои ги користеле бунтовниците, јави државата агенција „Анадолија“.