Ракометарите ќе добијат 55.000 евра ако обезбедат Олимпијада

0
821

Првиот човек на нашиот ракомет, Живко Мукаетов, е оптимистички расположен пред квалификацискиот трунир во Гдањск за пласман на летните олимписки игри во Рио.

„Кај играчите е очигледно дека се максимално фокусирани за предизвикот. Мислам дека сите заедно сме подготвени да ја искористиме втората шанса. Ние како УО на федерацијата подготвивме премија од 55.000 евра за нашата репрезентација да се пласира на ОИ. Оваа премија е само дополнителен мотив за да се пласираме ОИ, да го видиме Кире Лазаров како знаменосец во Рио“ вели Мукаетов.

„Како претседател на РФМ барам од целата нација да застане зад нас и да ја добиеме војната во Гдањск. Треба да заборавиме на сите работи кои во моментов се тотално незначајни“ вели Мукаетов.