Ракометарите обезбедија пласман на ЕП

0
166

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство откако во последниот натпревр од Групата 6 славеше над Чешка со 32:28 (15:12).

Македонската ракометари во решавачкиот меч наидоа на жесток отпор од чешката репрезентација, а пресврт во играта и резултатот донесе капитенот Лазаров.

Чесите го контролираа мечот и резултатот во првите 20 минути, кога активен резултат за Македонија обезбедуваше Дејан Манасков. Чесите имаа предност од два гола, но текот на мечот го смени влегувањето на Кирил Лазаров. Капитенот иако повреден беше иницијатор на пресвртот во последните 12 минути од првиот дел кога по негативата од два гола Македонија на полувреме замина со предност од три гола.

Во второто полувреме ‘црвено жолтите’ ја одржуваа предноста од три до четири гола, но во последните десет минути Чешка на два пати стига до негатива од еден гол, но тој последен налет на Чесите го одбија Лазаров и голманот Ростовски.

Капитенот Лазаров со12 голови, односно Манасков со 7 и голманот Ристовски со 12 одбрани беа јунаците на победата на македонската селекција. крај/мф/нц

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax