Ракометарите во ‘групата на смртта’

0
215

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во ‘групата на смртта’ на Европското првенство кое во јануари 2016 година ќе се одржува во Полска.

Среќата им го сврте грбот на ракометарите при извлекувањето на групите за ЕП, жрепката ги смести во А групата, во која уште се и актуелниот шампион Франција, домаќинот Полска и Србија.

Натпреварите во А групата на ЕП ќе се играат во Краков.

Пласман во наредната фаза ќе изборат по три селекции од секоја група.

Група А (Краков): Франција, Полска, Македонија, Србија
Група Б (Катовице): Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка
Група Ц (Вроцлав): Шпанија, Шведска, Германија, Словенија
Група Д (Гдањск): Данска, Унгарија, Русија, Црна Гора.

Без коментари

LEAVE A REPLY