Ракосовска и Грујевска со награди на републичкото издание на Вешта жена

0
124

На Републичката манифестација „Вешта жена” што се одржа во Лешочкиот манастир во Тетово, помеѓу наградените беа и две битолчанки, Јасмина Ристевска Ракосовска и Наташа Грујевска, од Слатка куќа,и тоа во силна конкуренција од натпреварувачки победници од 25 општини.

Љубовта кон кулинарството е наследена од семејството а овие награди се само дел од наградите освоени изминатите години.

Манифестацијата “Вешта жена” има повеќекратна цел. Освен покажувањето на вештините во подготовка на кулинарски специјалитети дополнително задоволство на вештите жени им е заедничкото дружење и патувањата кои засекогаш остануваат во нивните сеќавања.