Рама: Платформата е на албанските партии, а ние само им помогнавме

0
392
Albanian Prime Minister Edi Rama speaks during a press conference announcing the candidate status for Albania to the European Union in Tirana on June 24, 2014. Albania cleared the first hurdle on its long path to European Union membership on June 24, with the EU granting candidate status on the country's fourth try. Albania has failed to win the coveted status three times since 2009. AFP PHOTO / STRINGER (Photo credit should read STRINGER/AFP/Getty Images)

Таканаречената тиранска платформа не постои, туку има само „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана нема никаква поврзаност,  изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за албанските медиуми.

„Ние имавме одделни средби со лидерите на албанските партии и зедовме прибелешки за се што кажаа. Тие се обединија во едно парче хартија,“ изјави Рама.

Според него, вистината е сосема поинаква од она што го тврдат претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ и дека за време на изборната кампања не се согласил да се сретне со ниту еден лидер на партиите.

http://24vesti.com.mk