Рама: Во Македонија не постои малцинство, туку етнички Албанци

0
946

За време на посетата во Париз, премиерот на Албанија во интервју за “Франс 24” зборуваше за политичката ситуација во Албанија и регионот.

Коментирајќи ја ситуацијата во Македонија, тој изјави дека Албанците во Македонија не се малцинство, туку етничка, државотворна група која сочинува над 35 проценти од населението.

“Во Македонија не постои албанско малцинство, има албанска националност, повеќе од 35 проценти од населението се Албанци. Единственото нешто што треба да се направи е да се спроведува Рамковниот договор” – рече Рама

http://www.alsat-m.tv