Ранет лекар во скопскиот Клинички центар, приведени тројца

0
351

Лекар од клиниката за Дигестивна хирургија утрово бил ранет од лице чија што мајка починала во болницата каде што се лекувала, пишува Вест.

Пукотниците во клиниката ги потврдија и од полицијата.

Според нив вооружениот инцидент се случил околу 9 часот кога било пукано од огнено оружје.

Веднаш по пуктниците приведени се три лица на возраст од 30, 34 и 36 години сите од Скопје.

Дали во пукањето имало и повредени лица од полиција одбија да соопштат и повеќе детали околу овој инцидент најавија во текот на денот.

Во моментот, на местото на инцидентот е присутна полицијата и го истражува случајот