Ранетиот лекар е во добра состојба, Хирургија денес не прима пациенти

0
475

Хирургот Љубомир Огненовиќ, кој утрово беше ранет од пациент, се наоѓа во операциона сала во Клиничкиот центар, каде што врз него се вршат испитувања и зафат. Тој немал големо крвавење и се наоѓа во добра состојба, рекоа извори од болницата.

Полицијата сè уште врши увид на клиниката, каде што не се примаат нови пациенти, освен итните случаи. Пациентите се препраќаат на други клиники.

Утрово Огненовиќ беше ранет од пациент, чија мајка починала во болницата. Беа приведени три лица на возраст од 30, 34 и 36 години.

Лекарите најавија штрајк и протест во текот на денов, со образложение дека се чувствуваат небезбедно.