Раниери: Уште пет бода и спокојни сме

0
677

Клаудио Раниери синоќа изјави дека не постои сума за која во зимскиот преоден рок би се откажал од големит звезди на Лестер Сити, Џејми Варди и Ријад Марез.

„Никој не може да ги купи Варди и Марез во јануари. Никој нема пари за нив, бидејќи тие немаат цена. Им реков на играчите, уште пет бода и сигурни сме во Премиер лигата. Тоа е она што беше зацртано пред почетокот на сезоната“, јасен беше Раниери.

Лестер Сити е на врвот на табелата со 35 бода, два повеќе од второ пласираниот Арсенал и три од Манчестер Сити кој е на третата позиција, а тандемот Варди – Марез заедно има 26 гола до овој момент од шампионатот.

Без коментари

LEAVE A REPLY