Рано утрово нов земјотрес меѓу Охрид и Ресен

0
896

Нов земјотрес на охридско тло ги разбуди од сон Охриѓани, а потресот го почуствуваа и Ресенчани.

Во 3.54 часот утринава е регистриран земјотрес кој внесе вознемиреност кај граѓаните.

Магнитуда од 3,7 степени го погодила охридското епицентрално подрачје со епицентар 6км од Охрид и на длабочина од километри.

Во вчерашниот ден Охрид почуствува неколку земјотреси а најсилниот беше регистриран во 11:39 часот со магнидута од 3,9 степени по Рихтер.