Распад кај републиканците, му го вртат грбот на Трамп

0
334

Сѐ поголем број истакнати републиканци ја повлекуваат поддршката за кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп. Ова се случува откако беше обелоденета снимката од 2005 година во која тој користи вулгарни изрази за жените.

И покрај тоа што најмалку десетина високопозиционирани републиканци јавно кажаа дека на изборите следниот месец нема да гласаат за него, Трамп истакна дека никогаш нема да се повлече од трката за Белата куќа и дека никогаш нема да ги изневери своите гласачи, пренесува Би-би-си.

Последни кои ја повлекоа поддршката за американскиот милијардер се поранешниот републикански претседателски кандидат Џон Мекејн и поранепшната државна секретарка Кондолиза Рајс.

Мекејн истакна дека поради коментарите на Трамп повеќе „не пружа ни условна поддршка на неговата кампања“, додека Рајс кажа: „Доста е веќе! Трамп не треба да биде претседател. Тој треба да се повлече“.

Таа додаде дека сепак нема да гласа за ривалката на Трамп од Демократската партија Хилари Клинтон, туку дека на гласачкото ливче ќе го впише името на Мајк Пенс, републиканскиот кандидат за потпретседател на САД.

Уште неколку републиканци јавно кажаа дека би гласале за Пенс.

Трамп, од друга страна, одговори дека „нема шанси“ да се откаже од трката и додаде дека добива „неверојатна поддршка“ од гласачите.

Тој на Твитер околу сето ова напиша: „Медиумите и естаблишментот силно сакаат да ме исфрлат од трката за Белата куќа“.

www.mkd.mk