Распишан конкурсот за четвртоноемвриската награда

0
269

Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“  го распиша конкурсот за за доделување на наградата „4 Ноември“ на Општината Битола за 2016

Наградата „4 Ноември“ на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во сите сфери на општественото живеење, кои што претставуваат посебен придонес за развојот на Општината, Република Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории: едногодишна за достигања во периодот од 01.08.2015 до 31.07.2016, за правни и физички лица и за животно дело како заокружена творечка целина на едно физичко лице  Право на предлагање кандидати за награда имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци. Конкурсот трае од 01.09.2016 до 01.10.2016.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY