Распишан оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители

0
417

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители. Огласот е објавен во дневни весници, а треба да биде објавен и во „Службен весник“.

Според огласот,кандидатот за  член на Советот треба да биде  од „редовите на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници“, кој го избира Собранието на Република Македонија. (Собранието избира вкупно 4 членови на Советот кои доаѓаат од оваа фела, од кои двајца се од заедниците кои не се мнозинство во државата).

„Заинтересираните кандидати, универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој оглас во „Службен весник“ треба до Собранието на Република Македонија да поднесат пријава, лична биографија и документи, во оригинал или копија заверена на нотар, со кои ќе докажат дека се универзитетски професори по право, адвокати и истакнати правници“, стои во огласот.

Според Законот за Совет на јавни обвинители од денот на распишувањето на огласот до денот на гласањето за избор на член мора да поминат најмалку 30 дена. Советот на јавни обвинители брои вкупно 11 члена.

http://makfax.com.mk

Без коментари