Распишан тендерот за изградба на топлификација на Битола, Новаци и Могила

0
2086

ЕЛЕМ го распиша тендерот за изградба на топлификација на Битола заедно со Могила, Логоварди и Новаци и покрај барањето од владата привремено да се замрзнат тендерите за да може да се усогласат со владината програма.

Огласот е објавен на интерент странцата на агенција за економски развој на Германија и во три  дневни весници во земјава. Станува збор за тендер тежок  46 милиони евра, од кои 7 милиони се на ЕЛЕМ, а останатите се кредит од германската КФВ банка.
Реагираа од владата и побараа управниот одбор на компанијата да донесе одлука за мораториум на проектите, за да не се направи поголема штета и да не се загрози имиџот на Република Македонија  во меѓународни рамки.
„Без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ“ – истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.