Распoредени 293 припадници на Фронтекс на грчките острови

0
418

На грчките острови распоредени се 293 припадници на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ, Фронтекс како и 15 бродови со цел да и се помогне на Атина да се носи со притисокот од мигрантите, соопшти Агенцијата.

Прераспределбата е на барање на Грција, но е со помал обем од она на што се надеваше грчката влада, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АФП.

Бројот на припадници на Фронтекс ќе биде со тек на време зголемен на 400, соопшти Фронтекс.

Во рамки на операцијата за брза интервенција наречена „Посејдон“ ќе биде упатена и дополнителна техничка опрема и бродови, се додава во соопштението.

Според процените на Фронтекс, вкупниот број на бегалци што доаѓаат на грчките острови во декември ќе достигне околу 80.000 лица.