Расправа во советот за извршувањето на буџетот

0
550

-На денешната седница на Совет расправаме за извршување на буџетот на општина Битола, како и за завршната сметка на општината. Од презентацијата која што можевме да ја видиме и од материјалите кои ни беа поделени може да се види дека при носењето на буџетот за 2015 година, може да се види дека опозицијата била во право кога сугерираше дека овој буџет е огромен и неостварлив. Тоа се покажува, ако ги видиме податоците кои што се во материјалите оставрувањето на буџетот е некаде 80 % или ако се земе во предвид дека минатат година имавме ребаланс на буџетот, каде што беа намалени средствата на основниот буџет, реализацијата на основниот буџет би била некаде 70%, изјави Зоран Стојчевски, советник од СДСМ Битола

-Со оглед на политичкиот амбиент со кој што ја заврши 2015 година, и со оглед на тоа што проекцијата е за 2015 година беше за 73 милиони и 480 денари повисока во споредба за 2014 година. Гледана структурно по одделни ставки може да дсе констатира дека во приходниот дел кај данокот од доход имаме реализација од 1о6,76% или 18 милиони 123 илјади во 2015 споредено со 16 милиони и 600 илјади денари во 2014 година или за 2 милиони повеќе во споредба со минатата година, изјави Соња Карапашовска, советник од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY