Расправа за бизнис климата во Битола

0
1552

Регионалната стопанска комора од Битола денеска ја одржаа пленарната конференција на стопанството од Битола.

-Покрај секојдневните проблеми како економија и стопанства кои ги работиме, сметаме дека стопанството во Битола е во пораст и тоа се потврди во изминатите 6 месеци. Во Пелагонија имаме зголемување од 2 до 3%, рече меѓу другото претседателот на Регионалната комора Мирко Велковски.

На пленарната конференција со своја презентација се претстави Факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола – потесна врска меѓу универзитетот и стопанството.

-Продлабочување и интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот и индустријата, со цел да детектираме заеднички проблеми што ги тангираат стопанствениците од една страна и како ние како академска заедница можеме да излеземе во пресрет, преку овозможување на нашите студенти, за стекнување на оние потребни знаења и вештини, со кои би биле поконкурентни на пазарот на труд и како би одговориле на предизвиците и потребите на стопанството, изјави доц.д-р Божидар Миленковски ФИКТ-Битола 

Презентација одржа и  експертот Сем Вакнин за современите текови на економијата и примена на современата технологија, врска меѓу претприемништвото и науката, на тема: „Дигиталната економија како тајно оружје на претприемачот”