Расправа за минималната плата, стечајците и радиодифузната такса

0
286

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се законот за минимална плата, стечајците, за радиодифузната такса и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.

На денешното продолжение треба да се разгледаат Предлог законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка поднесен од пратениците од мнозинството, Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, исто така поднесен од мнозинството, Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, поднесен од пратеници од мнозинството.