Расправата по Извештајот на СЈО продолжува в понеделник

0
294

Расправата по извештајот на Специјалното јавно обвинителство во Комисијата за политички систем ќе продолжи во понеделник во 11 часот, бидејќи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претходно посочи дека поради приватни обврски не може да присуствува на седница во сабота и недела.

И покрај тоа што имаше предлози од опозицијата да работи Комисијата и за време на викендот, од претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев и пратениците од мнозинството повикувајќи се на членови од Деловникот, беше посочено дека не може да се разгледува извештајот без присуство на претставник на инститиуцијата која го поднесува извештајот за работа.

Без коментари

LEAVE A REPLY