Расправија завршила со нож в грб

0
1403

На 09.12.2016 година во 16.20 часот од СВР-Битола било пријавено дека истиот ден околу 12,30 часот во с.Пресил-крушевско, С.З. поради претходна расправија со нож му нанел расекотина во пределот на грбот на Ф. У. инаку и двајцата од истото село. Повредениот Ф.У. бил пренесен во МЦ-Прилеп, а осомничениот С.З. бил приведен во ПС-Крушево за расчистување на случајот.