Распределени предметите кај судиите во кривичниот суд

0
559

„Сите предмети се примени во судот. Предметите под називот „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијата Моника Бахчовановска.

Предметите кои се во надлежност на Оддлението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба се доделени кај судиите: Кај судијата Лидија Петровска предметот „Тарифа“, кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“, кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“, кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“ и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.

По барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден“ соопшти кривичниот суд.