Растат тензиите во Израел

0
200

Десетици Палестинци се судрија со израелски војници во близина на Каландија на Западниот Брег по новите мерки за безбедност околу џамијата Ал Акса. Во досегашните протести загинаа петмина Палестинци, а тројца Израелци биле избодени до смрт од палестински напаѓачи.

Израелските власти во неделата инсталираа нови безбедносни камери на влезот на големата џамија во Ерусалим и соопштија дека нема да ги отстранат детекторите за метал, туку само ќе го намалат нивниот број.

Исто така Израел забрани мажи помлади од 50 години да влегуваат во местото што муслиманите го нарекуваат Благородно светилиште, а израелците, пак, Храм на храмовите.

Овие мерки ги предизвикаа најкрвавите конфронтации меѓу Палестинците и израелските сили во изминативе неколку години.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на седницата на неговиот кабинет, изјави дека мерките за безбедност ќе продолжат и натаму.

Двајца Јорданци загинаа, додека еден Израелец е ранет во инцидент со огнено оружје, во израелската амбасада во Аман. Локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, објавија дека причините за пукањето во амбасада сеуште не се јасни.

Двајцата Јорданци работеле за компанија која произведува мебел, во амбасадата влегле пред да се слушнат пукотниците, објави полицијата.

Јорданските безбедносни сили веднаш ја затвориле амбасадата, а израелските власти го евакуирале персоналот.

Без коментари