Расте интересот за вештачко оплодување

0
534

Покрај зголемувањето на бројот на прво дете добиено со ин витро, изминатите три години во постојан пораст е и одлуката на сопружниците да добијат и второ дете со биомедицинско потпомогнато оплодување велат од Фонот за здравство.

Според нивната евиденцијата, во 2015 година ваучери добиле 1341 пароти од кои 1194 биле за прво а 146 за второ дете. Во 2016 година бројките се зголемени, па, биле одобрени 1588 барања за прво дете со ин витро и 189 за второ.

Годинава само во првите 6 месеци 654 брачни парови се обиделе да добијат прво дете со вештачко оплодување и на 107 за второ дете. Во 2016 и 2017 година, комисијата одбила 11 барања кои не ги исполнувале условите согласно законот и правилникот за ин витро. Лани имало 10 барања за трето дете и едно за четврто, а првите шест месеци годинава има 7 за трето и едно за четврто дете.

По добивање на позитивен одговор од комисијата, сопружниците имаат право да изберат во која од 9-те здравствени установи со кои Фондот има склучено договор, ќе го реализираат вештачкото оплодување.

Без коментари