Расте македонско-унгарската економска соработка

0
716

Пред околу една година унгарската Влада во Македонија отвори претставништво на унгарската национална трговска комора, чија цел е зголемување на економската соработка. Токму во нивна организација беше и денешната бизнис-средба на која присуствуваа стопанственици и градоначалници од Пелагонискиот регион, за да се запознаат со можностите кои им се нудат. Средбата ја отвори унгарскиот амбасадор.MAJA UNGARCI 1

-Основна задача е заедно со партнерот Еко-клуб да воспоставиме подобри односи меѓу Унгарија и Македонија кога се работи за малите и средни претпријатија, вели Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија.AMBASADOR

Според градоначалникот на Битола оваа средба е од големо значење.

-Оваа средба е значајна, се гледа и по присуството на претставници на Владата. Очекувам заклучоците кои тука ќе бидат дадени да дадат голем поттик за директни и конкретни проекти меѓу Унгарија и Македонија, рече д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.TALESKI

Исто така во 2012 година е воспоставена македонско-унгарска мешовита стопанска комисија која досега има одржано две заседанија, а третото ќе се одржи оваа година во декември.

-Благодарение на овие активности минатата година се постави рекорд, се достигна лимитот од 150 милиони евра, што е за првпат. Исто така и во првата третина од оваа година имаме 30% надминување на минатогодишната размена, вели амбасадорот Бенце.

Амбасадорот рече и дека се надева дека за скоро време ќе се потпише спогодбата на збратимување на Битола со унгарскиот град Солнок.