Растот на БДП годинава ќе биде 0,5 отсто

0
231

НБРМ ја ревидираше проекцијата на раст на БДП за оваа година на 0,5 проценти. Според априлската проекција, растот беше 2,5 проценти.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак,  рече дека владата го ревидира растот на БДП за годинава на 1,6 проценти од првично планираниот 2,2 проценти.

Проекцијата за растот на економијата за догодина е идентична – и владата и Народната банка очекуваат БДП во 2018 година да порасне за 3,2 проценти.