Растворцев се договори со Војводина

0
304

Алексеј Растворцев кариерата ќе ја продолжи во редовите на Војводина од Нови Сад, пренесуваaт српските медиуми. 36 годишниот Растворцев во тимот доаѓа како замена за Урош Елезовиќ кој се пресели во катарска Лахвија. Рускиот репрезентативец во редовите на Војводина пристигнува од Вардар, каде ги мина изминатите две сезони. Претходно искусниот лев бек играл за Чеховски Медведи и Вороњеж. За руската репрезентација Растворцев има одиграно 169 натпревари.