Ратко Младиќ на смртна постела

0
413

Хашкиот притвореник и воен злосторник од војната во Босна, Ратко Младиќ е на смртна постела, објавуваат медиумите во регионот.

Како што пренесуваат медиумите, неговиот живот во хашкиот затвор полека згаснува и се стравува дека наскоро може да доживее нов мозочен удар.

– Нему му е укочена десната страна на телото, едвај оди и зборува. Има висок крвен притисок, ослабна многу и изгледа лошо – вели извор близок до генералот.

Хашките судии стравуваат од повторување на случајот „Милошевиќ“, кој почина во хашкиот затвор чекајќи ја пресудата