Раца не знае кои кошаркари ќе ги има за квалификациите

0
462

Македонската кошаркарска репрезентација во понеделник од 19 часот ќе ги започне подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2017 година.

Селекторот на репрезентацијата Драган Раца на списокот играчи со кои планира да ги започне подготвките има 18 кошаркари, но и самиот во овој момент не е сигурен кој ќе се јави на првата прозивка.

Сигурно е дека на првиот собир ќе го нема Марко Симоновски кој има повреда на грбот, односно Перо Антиќ и Предраг Самарџиски.

„Денеска е првиот тренинг и ќе видиме каква е ситуацијата. Ние им испративме повик на сите за кои мислиме дека можат да помогнат. Ќе видиме кој ќе дојде, не можам однапред ништо повеќе да кажам. Менаџерот на Антиќ контактираше со Федерацијата која, пак. оствари контакт со неговиот клуб. Знам дека менаџеорт на Антиќ испратил некакво писмо во Федерацијата. Значи оставивме тоа да го заврши Федерацијата. Разговарав со менаџерот на Самарџиски, тој не оствари никаков контакт, само усно преку некои пријатели разбравме дека тој има проблеми со некаква повреда“, рече селекторот Раца.

„Јас очекувам да дојдат играчи кои сакаат да настауваат за својата земја, и претходно кажав дека нема никого да молиме. Тоа требе да биде некаков таргет и модел за во иднина. Јас нема да влегувам во тоа кој дошол или не, нема да се мешам во тие работа. Мислам дека за секој спортист е чест да настапува за својата држава. Од денеска нема да споменам ниту еден играч кој не дошол и не сакам да добивам прашања на таа тема“, порача селектрот.

Кога станува збор за странецот кој ќе настапува за Македонија, Раца и неговиот тим одлуката ќе ја донесе откако ќе види кои македонските играчи ќе се појават на подготвките.