Раул Кастро: Името и ликот на Фидел нема да ги има на улиците на Куба

0
1175

Кубанскиот претседател Раул Кастро кажа дека Куба ќе забрани да се креваат споменици и да се нарекуваат улици по неговиот брат и лидер на револуцијата Фидел Кастро.

Тоа ќе биде направено во согласност со неговата желба да се избегне култ на личноста.

Ова беше објавено вчера по неделата на национална жалост поради смртта на Фидел Кастро, а воочи положувањето на урната со неговата пепел во Сантијаго де Куба.

„Рволуционерниот лидер отфрлаше како било облик на култ на личноста, а во тоа остана решителен и во последните часови од животот, инсистирајќи по неговата смрт неговото име да не се користи за називи на институции, улици, паркови и други јавни места, и да не му бидат кревани бисти, статуи или други видови на изразување чест’, кажа Раул Кастро во обраќањето пред голем број луѓе собрани во Сантијаго.

Тој додаде дека кубанскиот парламент на селдното заседание ќе гласа за закон со кој ќе бидат исполнети желбите на неговиот брат, кој почина минатата недела во 90-тата година.

Урната со пепелта на Фидел стигна во Сантијаго, каде денес ќе биде полошена во земја покрај мавзолејот на борецот за кубанската независност Хозе Марти.