Разбојништва сред бел ден во Рио

0
417

Жртва на крадците во Рио де Жанеиро бил Стратос Сафиолеас, член на грчката делегација на Олимписките игри кои од 5-ти август се одржуваат во бразилската метропола, кому му биле украдени камера и нотбук проценети на вкупна сума од 11 илјади американски долари, а медиумите јавуваат дека се ограбени и двајца тренери на австралиските веслачи.

Инцидентот се случил додека Сафиолеас ручал во хотел во близна на олимпискиот пар, пишува британскиот весник Daily Mail. Шефовите на хотелот не овозможиле да биде прегледана снимка од надзорните камери веднаш по кражбата, поради што Сафиолеас повикал полиција.

Во полицијата во Рио е приајвена и кражба од петокот вечерта под закана со нож и на двајца тренери на австралиските велслачи, кои биле нападнати од двајца тинејџери на плажата Ипанема

Претходно во понеделникот медиумите објавија дека португалскиот министер за образование Тијаго Брандао Родригез бил ограбен под закана со нож во Лагуна Родриго де Фреитас, каде што се одржуваат натпреварите во веслање на Олимписките игри во Рио де Жанеиро./