Разбојништво, полов напад и сообраќајка

0
1610

На 17.11.2016 година во 10.10 часот во СВР Битола, А.Ќ. (26) од Битола пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот на ул. „Партизанска“ му било извршено разбојништво од страна на две непознати лица. Сторителите му се доближиле од позади грб, по што едно од лицата го удрило со тврд предмет во пределот на главата и тој паднал на земја. Кога се обидел да стане, повторно бил удрен во пределот на лицето. Додека лежел на земја сторителите извршиле пребарување во џеповите од каде му одзеле 15.000 денари, по што побегнале од местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2016 година во 13.20 часот во СВР Битола, Л.А. (37)  од Р.Албанија, со живеалиште во Битола, пријавила дека на 14.11.2016 година  во периодот од 13.00 до 14.00 часот непознато лице ја пресретнало нејзината десетгодишна ќерка и ѝ рекол дека ќе ја однесе кај мајка и. Но, наместо кај мајка ѝ, сторителот ја однел во соседната улица и извршил друго полово дејствие. Разговор со детето бил извршен во присуство на претставник од Центар за социјални работи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2016 година во 17.00 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Цитроен Берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ч.(30) од с.Канатларци, прилепско  и ТМВ „Форд Транзит“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.И. (38) од Битола. Во незгодата М.Ч. се здобил со тешки телесни повреди и истиот со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во ГБ-Прилеп, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY