Разбојништво во Кривогаштани

0
576

На 01.01.2016 година во 23.00 часот во ПО-Кривогаштани, Л.М. (72) пријавила дека околу 19.50 часот две непознати маскирани лица, се качиле по скалите на катот во куќата, затропале на влезната врата, по што откако им отворила, ја турнале и влегле во салонот. Потоа на истата и ги врзале рацете и нозете со селотејп трака, и со закана со пиштол одзеле паричник во кој имало: 800 австралиски долари, 200 евра, 3.000 денари и трансакциски картички. Извршен е увид од страна на ПС Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Без коментари

LEAVE A REPLY