Разбојништво во супер маркет во Прилеп

0
417

На 18.11.2015 година околу 22,25 часот во Прилеп на ул.„Ваљевска“ во маркет ДООЕЛ „Пано-Комер“  две непознати маскирани лица, со закана со пиштоли , извршиле разбојништво во обид над вработените. Едно од лицата било совладано од вработените и присутните граѓани и приведено во ПС-Прилеп за понатамошна постапка. Утврден е неговиот идентитет- се работи за лицето С.С.(27) од Прилеп.  По кратко време  од страна на полициски службеници приведено е и второто лице Д.Д.(26) од Прилеп. Извршен е разговор со двајцата и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.