„Разбуди се Като“ нова претстава на Солза и смеа

0
1481

-После прославата од 20 годишнината од постоењето на Солза и смеа  и после турнеата во Австралија, Солза и смеа подготвија нова претстава по пауза од 6 месеци. Се работи за комедијата „Разбуди се Като“ по текст на Милан Гргиќ, познат хрватски автор. Традиционално Солза и смеа 13 години играат на Античкиот локалитет Хераклеа , сега добивме така наречена корпа, бидејќи не сме биле адекватни да се игра оваа претстава на Хераклеа, така одлучи Завод и Музеј. Претставата ќе ја играме во Центарот за култура во климатизираната просторија на 19 и 20 јули, изјави Александар Димитровски- Солза и смеа

Во претставата уште играат Никола Тргачевски, Димитар Михајловски, Валентина Кожовска, Марјанчо Ѓорѓиевски, Катерина Петровска, Владимир Ивановски, Ангела Тасевска