Разговор со актерите на претставата Дисфункција

0
2146

Премиерата на најновата претстава на младинската сцена при Интимниот театар, со наслов Дисфункција, се одржа на 25 ти март, а потоа беше изведена и на 31-ви март и 2 ри април.

Младинската сцена функционира 6 години и ја води Димитар Шутевски.

Принципот на Интимен театар е да се работи по сопствени примери, со документарни материјали, да нема однапред напишан текст.

Дисфункција е 7 ма по ред на младинската сцена, во режија на Шутевски, а која се занимава со проблемите на младите луѓе.

Актерската екипа е составена од Симеона Павловска, Ана Жежовска, Валентин Дамчевски и Виктор Иловски.

-Акцентот не треба да се стави на проблемот, туку на сите средства за решавање на истиот-се вели во претставата.