Разговор со Никола Пројчевски за Лондон

0
436

Актерот Никола Пројчевски, член на НТ. -Битола, ќе работи во шекспировиот Глоуб театар, во Лондон. Тој е избран на конкурс на кој учествувале 1800 актери од цел свет и е единствен актер од Југоисточна Европа што ќе биде вклучен во новата претстава на Глоуб театарот. Никола Пројчевски е втор актер од битолскиот театар вклучен во програмата на прочуениот Глоуб театар. Пред него на истата сцена заигра Огнен Дранговски.

Се пријавив на отворениот конкурс, а кога ја минав првата селекција бев контактиран од режисерите и продуцентите на театарот „Глоуб“. На нивно барање изведов неколку улоги од Шекспирови дела, поезија од Петре М. Андреевски и други актерски вештини и ме избраа. Во Лондон патувам и со познати информации кои ми ги даде колегата Огнен Дранговски кој веќе настапуваше во „Глоуб“. Верувам во успешен континуитет на македонските актери на светски познатата сцена и театар во Лондон – изјави Пројчевски.

Без коментари

LEAVE A REPLY