Разочарувачки настап на Ристе Пандев во Пекинг

0
532

Единствениот македонски преставник на Светското првенство во атлетика, кое во саботата започна во Пекинг, Русте Пандев, разочара со својот настап во квалификациите на трката на 100 метри. Пандев, кој претпадне по локално време ги мина претквалификациите (10.94 секунди), во квалификациите имаше лош настап и истрча време од 11.31 секунди, кое е далеку послабо од неговиот најдобар резултат сезонава (10.70 секунди) и уште послабо остварување од националниот рекорд на Македонија (10.61 секунди). Пандев во конкуренција на 56 атлетичари го освои последното 53 место, бидејќи тројца кои настапија во квалификациите беа дисквалификувани.

Без коментари

LEAVE A REPLY